КОРИСТЕЊЕТО НА УСЛУГИТЕ НA proglasnik.mk ПОДРАЗБИРА СОГЛАСНОСТ СО СЛЕДНИВЕ УСЛОВИ И ОБВРСКИ
 

Обврски на корисникот

 ПРОгласник не одговара за содржината на секој оглас. Целосната одговорност ја презема корисникот што го поставил огласот. ПРОгласник не евклучен во никакви трансакции или приватни работи помеѓу учесниците во трансакцијата, ниту пак во плаќања, гаранции или услуги за заштита на „продавачот“ и „купувачот“. Затоа, објавувањето на proglasnik.mк не претставува ветување кое ние го даваме на корисникот, туку ветување на лицето што го објавува огласот.

Налог и регистрирање

 

При регистрирање на proglasnik.mк корисникот ги прифаќа сите обврски за налогот. proglasnik.com не сноси одговорност за какви било загуби на приватни информации или податоци на налогот. Корисникот се  согласува дека ПРОгласник може да ги отстрани налозите кои ги повредуватправилата за употреба и дека одлуката за отстранување на налогот е одлука на ПРОгласник.

Ограничување на пристап и користење

 

ПРОгласник го задржува правото да го отстрани налогот што не се придржува до некои од следните правила и ПРОгласник ја донесува одлукатаза истото.

ПРОгласник. ќе го отстрани секој налог што пречи или ја нарушува нејзината цел како страница за објавување огласи.

Со користење на услугите на ПРОгласник, корисникот се согласува да не вади, копира или репродуцира какви било содржини на статични или динамични страници од ПРОгласник за комерцијални цели, без претходна писмена дозвола од ПРОгласник.

Корисникот се согласува да не се вклучува во какви и да е процеси или комбинации на процеси преку интернет-страницата што вклучуваат неразумен и несоодветен дел од изворите на ПРОгласник, компјутерскиот систем на компанијата или друга инфраструктура.

Корисникот се согласува да не испраќа до останатите корисници несакана пошта со неважечки пораки и електронска пошта преку ПРОгласник или пак на друг начин.

Корисникот се согласува да не се занимава со работи изведени врз основа на содржината на интернет-страницата на ПРОгласник. Ова вклучува инжинерство, преведување, делење на делови, составување или други слични модификации на која било страница, софтвер или содржина поврзани со ПРОгласник.

Корисникот се согласува да не се обидува да пристапи до компјутерскиот систем на компанијата или информации од компјутерскиот систем на компанијата, со исклучок на самата страница на proglasnik.mk.и нејзината содржина.

Корисникот се согласува огласникот да го користи на принципот на фер користење и притоа еден ист  производ да не го огласува повеќе од еднаш. Доколку сака неговиот оглас да биде полесно достапен за корисниците, да биде на насловна страна, или пред останатите, ПРОгласник нуди едноставен, лесен и евтин начин за корисникот да стигне до саканата цел, преку т.н. промовирани огласи. Огласувањето на ист оглас повеќе од еднаш (без притоа да се отстрани стариот) е спротивно со условите на ПРОгласник, и таквите огласи ќе бидат отстранети. Доколку продолжи непримерното однесување отстранети ќе бидат и корисниците кои огласуваат на тој начин. Поправање на стар оглас, и бришење на стар оглас и објавување на нов е во рамките на фер-користење.

Корисникот се согласува да не ги користи услугите на страницата ПРОгласник со кои: се кршат одредби од локално, национално или меѓународно право; се вознемирува или наштетува на друго лице, или комуницира со него/неа и покрај договорот или забраната за ваков вид на комуникација; се собираат или зачувуваат лични податоци за останатите корисници вклучувајќи адреси за нивни е-пошти или ги контактираат продавачите за некоја друга цел различна од дадената содржина во огласот од страна на соодветни продавачи. Противзаконски е да се објавуваат „какви било предности, ограничувања или дискриминации врз основа на раса, боја на кожа, верска определба, полова дискриминација, телесни недостатоци, состојби во семејството, националност или со намери кои на еден начин создаваат предност, ограничување или дискриминација.“

Корисникот се согласува да не објавува содржина што: (1) Претставува закана за некој корисник или член на тимот на ПРОгласник како и материјал навредлив или непримерен за лице, група или ентитет; (2) Ги крши правилата на лице, група или ентитет како што е копирање правни акти, авторски права, патенти или слични злоупотреби.

Доколку корисникот не е сигурен дали е дозволена содржината на интернет-страницата на proglasnik.com, треба да стапи во контакт со This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Измени на условите за користење

 

ПРОгласник го задржува правото да ги менува или да ги прекине своите услуги без претходна најава на корисникот. Користењето на услугите после направените измени подразбира согласност со новите услови за користење.

ПРОгласник го задржува правото на измена и дополнување на поединечен оглас, а при тоа да не се смени главната содржина на огласот (печатни грешки, дополнување на податоци ис слично).

Корисникот е должен да се грижи за безбедноста на својата лозинка и повремено да ја менува.ПРОгласник не презема одговорност во случај на злоупотреба на лозинката.

Со објавувањето на огласите, корисникот неотповикливо го овластува ПРОгласник да ја користи содржината, копира, објавува и дистрибуира и во други медиуми.ПРОгласник нема да ги објавува личните податоци на корисникот во другите медиуми, туку само дел од содржината на огласот и линк до сајтот на „ПРОгласник.