Зад новиот НБА шампион стои Македонец

 
 

Екипата на Торонто Репторс за првпат во својата 24-годишна историја стана НБА шампион. Можеби помалку познат факт е тоа дека зад целата приказна стои Македонец.

Основач на НБА тимот е Џон Битов Јуниор , син на Џон Битов (Сениор). Џон Битов Јуниор е роден во 1960 година,во Торонто. Тој е сопственик на телекомуникациската компанија „Mobilicity“ и е акционер во Канадското сателитско радио. Освен што е основач на Торонт Репторс и е креаторот на спортскиот центар „Air Canada Centre“.

 

Неговиот татко Џон Битов (Сениор) е роден во 1928 година во Торонто, Канада и е син на Никола и Вана, кои потекнуваат од македонското село Габреш Тој беше еден од најуспешните канадски бизнисмени, чија сопственост се синџирот на ресторани „Big Boy“ и „Roy Rogers“, како и уште неколку други ресторани ширум земјата.

Во 1982 година неговите компании ја добија лиценцата за кетеринг на канадскиот аеродром, а наредната година лиценцата за послужување пијалоци и храна на стадионот „Toronto’s SkyDome“, сегашен „Rogers Centre“. Со тоа корпорацијата Битов стана една од најголемите канадски компании кои работат со храна.