Assign modules on offcanvas module position to make them visible in the sidebar.

ПРОгласник-АКТУЕЛНОСТИ, ПОПУСТИ, ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАНИ, СПОРТ ...

Пригответе им го на вашите најмили највкусниот болоњезе сос кој одлично одговара со шпагети. Болоњезе сосот е идеална идеја за брз ручек.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 главица кромид
2 чешниња лукче
500 г мелено месо
сол, црн пипер по вкус
250 мл доматен сок/пире
Кромидот исечкајте го, па запржете го во малку загреано масло. Во кромидот додадете ситно исечкани две чешниња лук. Промешајте и намалете ја температурата, па оставете уште неколку минути под капак за да се допржи кромидот.
Потоа додадете 500 г мелено месо и убаво запржете го додека да се соедини со кромидот и да ја промени бојата. Зачинете со сол и црн пипер во прав, по вкус.
Кога месото добро ќе се запржи, додадете 250 мл доматен сос и промешајте. Динстајте уште неколку минути додека да испари вишокот течности.
Продолжете со пржењето постојано мешајќи додека да ја добиете посакуваната густина
Добар апетит!