Стопанска банка АД - Скопје донира апарат за механичка вентилација - респиратор за Клиниката за инфективни болести.

Пандемијата на COVID-19, новиот корона вирус, предизвикува нестандарден притисок врз здравствениот систем и здравствените работници. Во знак на поддршка и благодарност, Стопанска банка АД - Скопје денес со Министерството за здравство потпиша Договор за донација на апарат за механичка вентилација - респиратор, наменет за Клиниката за инфективни болести во Скопје. Опремата во консултација со Министерството за здравство беше посочена како неопходна за третирање на заболените од COVID-19 кои покажуваат потешки симптоми на болеста.

Се надеваме дека донацијата ќе помогне во овој заеднички предизвик и дека сите граѓани со разумно и совесно однесување ќе придонесат кон побрзо и полесно надминување на состојбата.